fbpx

Средба на координаторите од Западен Балкан во Брисел, за активности за регионална соработка

-

Прв состанок на националните координатори на шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, за спроведување на Повеќегодишниот акциски план (ПАП) за регионален економски простор (РЕА), се одржа денеска во Брисел.

Повеќегодишниот акциски план беше усвоен на Самитот во Трст помеѓу Западен Балкан и ЕУ и се смета за клучен документ – патоказ за идната регионална соработка, а денешниот состанок беше во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС) и на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан.

Координаторите на планот, заедно со претставниците на РСС, на Европската Унија, на ЦЕФТА, на Светската банка и на ЕБРД, го разгледаа напредокот што е остварен во реализацијата на мерките кои се предвидени со планот, од самитот во Трст до денес.

Од страна на националните координатори, како што соопшти РСС, беа претставени и плановите за 2018 година, а воедно беше договорено преку контакт-лицата во секоја земја, извештаите да се испраќаат до секретаријатот на РСС, кој ќе биде одговорен за подготовка на извештаите за спроведување на планот.

Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, истакна дека следните чекори на Советот предвидуваат олеснување на преговорите за меѓусебно признавање на стручните и академските квалификации, поттикнување на единствен роаминг-простор, организација на Дигиталниот самит заедно со Владата на Германија и со Европската комисија и други активности зацртани во планот, а кои се дел од регионалниот економски простор.

Бернард Брунет, шеф на оддел во Генералната дирекција за проширување во ЕК, ги поздрави претставниците на шесте земји и им порача дека може да очекуваат постојана поддршка од Европската Унија, како и поддршка од ЕК, РСС, ЦЕФТА и од други асоцијации кои ќе ги олеснуваат хоризонталните процеси поврзани со повеќегодишниот акциски план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...