fbpx

Србија: Суспендирана истрагата против Богољуб Кариќ

-

Истрагата против српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ, кој се сомничи дека при приватизацијата на „Мобтел“ го оштетил буџетот на Србија, е суспендирана, соопшти денеска обвинителството за организиран криминал на Србија.

Истрагата против Кариќ беше поведена во 2006 година, по што тој исчезна од Србија, а по него беше распишана потерница.

По суспендирањето на истрагата, Кариќ е слободен човек, а потерницата би требало да биде повлечена затоа што неодамна поради застареноста на делото против него е суспендирана и постапката во вишото обвинителство во Белград по обвинението од 2010 година, со кое се товари за злоупотреба на службената положба, односно за извлекување пари од „Мобтел“.

Кариќ тогаш во директно вклучување во програма на една српска комерцијална телевизија со национална концесија, преку „скајп“, од непозната локација во странство, порача дека планира да се врати во Србија во мај 2017 година и додаде дека процесот против него е политички мотивиран.

На прашање со кого од владејачката Српска напредна странка (СНС) е во контакт, Кариќ рече дека со никого не е во контакт, но потсети дека неговиот брат Драгомир Кариќ и неговата сопруга Миланка се пратеници на листата на СНС.

Како што јавуваат српските медиуми, на Кариќ и на неговото семејство сега ќе мора да им се вратат луксузните автомобили, куќи и дуќани кои привремено биле запленети за време на истрагата и доверени на чување на дирекцијата за управување со одземен имот.

Во денешното соопштение на српското обвинителство за организиран криминал, се прецизира дека освен за Кариќ, суспендирана е истрагата за кривични дела за злоупотреба на службената положба против уште четири лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...