fbpx

Србија: Демократска странка ја поддржа кандидатурата на Саша Јанковиќ

-

Српската партија Демократска странка (ДС) ќе го поддржи актуелниот народен правобранител Саша Јанковиќ како кандидат на изборите за претседател на Србија, едногласно денеска одлучи претседателството на опозициската партија.

Претседателот на ДС, Драган Шутановиќ рече дека Јанковиќ е „персонификација на вредностите за кои се залага ДС“.

– Водени од интересите на граѓаните, убедени сме дека тој е најдобар кандидат и дека ќе победи – рече Шутановиќ по седницата на претседателството на ДС.

Оценувајќи дека ова е момент кога во Србија треба да се воспостави „сила на правото, а не правото на сила“, Шутановиќ рече дека одлуката е донесена едногласно, на негов предлог.

– Саша Јанковиќ покажа дека се залага за заштита на човековите и на правата на малцинствата, на работниците, дека се залага за почитување на институциите на системот. Во носењето на одлуката не калкулиравме, таа е базирана на тоа што Јанковиќ го прави во изминатиот период – рече лидерот на ДС.

Освен ДС, Јанковиќ досега го поддржаа неколку стотина јавни личности, кои по тој повод упатија отворено писмо до јавноста, а откако ја најави кандидатурата за претседател на Србија, омбудсманот доби поддршка и од Нова странка, на Зоран Живковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...