!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Срби и Руси уапсени на Косово за илегално минување на границата


       
Приштина, 9 август, 2017 - 10:02 (META) 

Полицијата на Косово уапсила 11 лица, од кои пет се државјани на Србија, а шест на Русија, поради неовластено преминување на граничната линија.

Лицата се уапсени во близина на Подујево, по добиени информации дека планираат илегално да влезат на Косово.
Граничната полиција презела мерки и ангажирале патроли, кои околу 13.45 часот во близина на границата запреле две возила со српски регистарски таблички, во кои имало 11 лица за кои се сомневале дека илегално ја минале границата.

Пограничната полиција ги задржала на распит странските државјани, а за случајот се запознаени државниот обвинител, адвокатската комора и руската канцеларија за врски на Косово.