fbpx

Спречен терористички напад во Германија

-

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мајзире, соопшти дека спречиле голем терористички напад апсејќи 19-годишен Сириец.

– Денеска германските служби за безбедност успешно спречиле голем терористички напад во Германија. Операцијата е изведена во вистински момент, навреме и за да се обезбедат доволно докази и за да се спречи каква било опасност – рече де Мајзире.

Уапсениот Јамен А., кој себеси се идентификува како „војник на калифатот“, сакал да изврши терористички напад и да убие што повеќе луѓе, соопшти портпаролката на Федералното обвинителство, Фрауке Коехлер.

– Осомничениот преку социјалните мрежи имал контакт со лице кое себеси се нарекува војник на калифатот, војник на таканаречената Исламска држава. Во моментов не знаеме кое е лицето. Не знаеме ни како тоа контакт лице го охрабрувал или дури го поддржувал осомничениот на таков акт – рече Коехлер.

Специјалните сили во акцијата која била изведена во раните утрински часови во населба во градот Шеверин, главен град на покраината Мекленбург-Форпомерн, уапсиле 19-годишен исламист.

Како што е соопштено, тој од јули подготвувал бомбашки напад. Полицијата истражува дали сам го подготвувал нападот или постоела мрежа соучесници.

Истражителите соопштиле дека постои „основано сомнение“ дека момчето планирало да изведе „терористички напад“, но дека во моментов не постои опасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...