fbpx

Спречен обид за шверц на два килограми марихуана од Албанија во Македонија

-

По претходно добиени сознанија дека во Дебар е можно да се врши шверц со наркотици, полицијата излезе на терен со специјалното моторно возило кое е опремено со уред за ноќно и за денско набљудување, при што во близината на патот кој води кон шталите на „33 Прогрес“ забележани се две лица кои илегално влегле во Македонија од Албанија и биле сокриени во близина на регионалниот пат кој води кон Дебар. Полицајците веднаш дошле на местото каде што се наоѓале лицата и при обид да ги фатат, тие побегнале, едниот кон Албанија, а другиот кон село Шулан.

Лицето што се упатило во правец кон Албанија, во кординација со албанските полициски органи, е фатено на албанска територија и притоа утврдено е дека тоа е П.М. (22), албански државјанин. Второто лице успеало да побегне.

Од страна на крим-техника, непознатата тревкаста материја е испратена на вештачење. По добиено вештачење, констатирано е дека пронајдениот материјал преставува опојна дрога марихуана со вкупна нето-маса од 1.975 грама.

Против албанскиот државјанин П.М., како и против засега непознатото лице, до надлежното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторено неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...