!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Спречен напад во Франција


       
Париз, 10 февруари, 2017 - 13:25 (META) 

Француската полиција уапси четири лица поради сомнеж дека планирале терористички напади. Осомничените се уапсени во Монпелје, а меѓу нив има и 16-годишно девојче.

Странските медиуми јавуваат дека антитерористичката единица пронашла работилница во која произведувале експлозиви.

Од канцеларијата на обвинителството се наведува дека се пронајдени 70 грама експлозив ТАТП. Станува збор за експлозив кој може да се направи од состојки достапни за сите.

Експлозивот е користен за време на терористичките напади во Париз од 2015 година, како и во минатогодишниот напад во Брисел.

Извор од полицијата рече дека еден од уапсените личности планирал самоубиствен напад.

Во Франција во 2015 и во 2016 година беа извршени терористички напади во кои 238 лица загинаа, а повеќе стотици беа повредени.