fbpx

Справувањето со тероризмот и надворешната политка на агендата на Коѕиас и на Кери

-

Односите со Русија, грчкото справување со терористите како Савас Ксирос и отворените прашања од грчката надворешна политика, ќе се најдат на агендата на вечерашната средба на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, и на американскиот државен секретар, Џон Кери, во Вашингтон.

Справувањето со тероризмот сосема ненадејно се искачи на врвот на агендата, откако Стејт департментот издаде соопштение со кое изразува загриженост за ситуацијата со осудениот член на терористичката организација 17 Ноември, Савас Ксирос, истакнувајќи дека доколку му се дозволи да биде ослободен и во куќен притвор поради здравствени проблеми, тој можно е повторно да се врати на напади и на терористички активности. Од американска страна се очекува да се изрази големо незадоволство за потенцијален ваков потег и да се истакне загриженоста од начинот на кој државата се справува со тероризмот и со осудените напаѓачи.

На масата на разговори се очекува да се најдат и грчко-руските односи и да се дискутира за грчките размислувања за прифаќање на предлогот за нов гасовод, кој ќе спроведува руски гас во ЕУ, одлука за која амерканската страна, според шпекулациите, не би дала зелено светло.

Кери и Коѕиас ќе разговараат и за кризата во Украина, кипарското прашање, но и за новите иницијативи за усвојување мерки за градење доверба со Турција и со Македонија.

Според весникот „То вима“, САД полека почнуваат да покажуваат незадоволство што нивната поддршка за напредок на грчката економија и новата грчка влада се земаат здраво за готово и се користат од грчка страна за да се избегнат обврски кон меѓународните кредитори во врска со грчкиот долг и кредит. Повикувајќи се на американски дипломати, весникот подвлекува дека во САД веќе почнува да се создава нервоза од изјавите и од позициите на коалицискиот партнер и министер за одбрана, Панос Каменос, кој, според нив, изгледа како да води своја сопствена надворешна политика. Особено се негодува за неговите изјави поврзани со Русија, во кои тврди дека руските сили го заштитиле грчкото население во Крим од фашистичката влада на Украина.

Оцените се дека Коѕиас го очекуваат тешки и сериозни разговори, на кои ќе мора многу добро да одигра за да успее да ја добие американската поддршка на грчката страна за прашања од грчката надворешна политика и за теми поврзани со финансиската криза.

Коѕиас по Вашингтон ќе замине за Њујорк, каде в петок подетално ќе разговара околу спорот за името и за мерките за градење доверба со генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун и со посредникот Метју Нимиц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...