!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Спотот на Вучиќ за претседателските избори забранет да се емитува во медиумите


       
Белград, 17 март, 2017 - 17:32 (META) 

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) им наложи на српските медиуми во рок од 24 часа да прекинат со емитување на предизборниот спот за престедателскиот кандидат на владејачката коалиција, Александар Вучиќ, во кој се извикува „Вучиќу педеру“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Како што е објавено на веб-страницата на РЕМ, спотот е забранет бидејќи го крши Законот за огласување според кој „огласната порака не смее да содржи изјави или визуелно претставување кое може да биде навредливо“.

Имено, РЕМ на веб-страницата наведува дека врз основа на реакциите на дел од невладините организации кои се занимаваат со заштита на правата на ЛГБТИ-лицата, се утврдило дека на крајот на предизборниот спот на претседателскиот кандидат Вучиќ шестпати се слуша викање од стадион „Вучиќу педеру“.