fbpx

Спортските риболовци алармираат дека охридската пастрмка безмилосно се уништува

-

Спортските риболовци од Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид алармираат за безмилосно уништување на охридска пастрмка и бараат конкретна одговорност.

„Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките закононски и подзаконски регулативи“, стои во нивната реакција.

Тие сметаат дека Пандорината кутија ја отворило барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка од 10 години. Јавно ги прашуваат надлежните институции и министерства каде и како се потрошија неколку милиони евра за вештачки мрест и порибување на охридска пастрмка, затоа што нема никаков ефект за заштита на охридската пастрмка.

„Зошто секоја година државата го финансира вештачкиот мрест од 150 до 200 илјади евра од кои концесионерот зема околу 70 проценти, а нема обврска да порибува? На концесионерот државата му порибува а тој само ја лови риба и плус добива субвенции? Ваква концесија нема никаде во светот. Зошто надлежните научни институции изработија риболовни основи а надлежното министерство ги прифати и додели концесија за стопански риболов иако со години укажуваме дека тоа е катастрофална грешка. Она што и се случи на охридската пастрмка сега и се случува на охридската белвица. Ако на охридската пастрмка и се потребни околу 40 години за реанимација тогаш на охридската белвица и требаат повеќе од 60 години. Зошто надлежното министерство и научните институции од областа на рибарство дозволија измени и дополнувања на риболовните основи со кои на концесионерот за стопански риболов квотата на улов на охридска белвица од 2 тони му се зголеми на 8, а сега на 25 тони годишно, кога во истата риболовна основа пишува дека прирастот на охридска белвица на годишно ниво е 17 тони“, стои во дописот до медиумите.

Од здружението укажуваат дека на  концесионерот му е дозволено 6 пати да лови охридска белвица во строгата забрана (татиљ), што не било дозволно „ни во турско“, а најмалата дозволена големина за улов на охридска белвица од 35 сантиметри е намалена на 22 сантиметри, а бројот на мрежи е зголемен два пати.

– Ако концесионерот лови само 400 килограми охридска пастрмка за 5 години, тогаш од каде е охридската пастрмка која се продава по угостителски објекти и рибарници во Охрид, Струга и низ цела Македонија. На годишно ниво  во промет имаме најмалку 4 тони охридска пастрмка. Односно за 4 години најмалку 20 тони. Укажувавме дека со доделување на концесија за стопански риболов на Охридско Езеро само ќе го легализираме криволовот и шверцот на охридска пастрмка, но никој не не слушаше – вели Радован Димитриевски, претседател на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...