fbpx

Спорот за името, причина за скандал на генералното собрание на Здружението на европски театри

-

Спорот за името се испречи и во театарскиот свет во Грција. Имено, Јанис Вурос, уметничкиот директор на Националниот театар на Северна Грција, не дозволи театарската мрежа Нова европска театарска асоцијација (НЕТА) да биде примена во Здружението на европски театри под уставното име.

Како што пренесува грчкиот весник „То вима“, Вурос реагирал на идејата НЕТА ,предводена од Благој Стефаноски, да биде заведена во здружението како театар од Република Македонија. Инцидентот се случил на генералното собрание на Здружението во Тел Авив. Духовите се разгореле за време на разговорот за прием на нови членки во Здружението на европски театри, кога на дневен ред се појавило името на НЕТА како македонска театарска мрежа.
Вурос веднаш реагирал, истакнувајќи дека иако поддржува нови членови и соработки, не може да дозволи соработка со македонски театар кој го експлоатира името „Македонија“ во сопствени пропагандни цели.

– Го користат театарот и Здружението за да го искористат името Македонија, нешто кое не го признаваат дури ни Обединетите нации, ниту Грција, и секако ниту јас – изјавил Вурос.

Според „То вима“, по неговата реакција Здружението го повлекло предлогот за соработка со НЕТА.

Ниту е точна , ниту, пак, ми е јасна заднината на информацијата дека спорот за името се испречи и во театарскиот свет во Грција, со приемот на НЕТА во здружението на европски театри (УТЕ), вели поранешниот министер за култура, Благоја Стефановски, во изјава за новинаската агенција МЕТА.

Според него, седиштето на театарската мрежа Нова европска театарска асоцијација (НЕТА) е во Љубљана, Република Словенија, која е членка на Европска Унија, а дека тој е само претседател на оваа театарска мрежа.

– Претпоставувам дека се работи за некоја политикантска работа, ниту сме барале , ниту имаме потреба да нè признаат во Грција. Ние и така имаме членки во НЕТА од Грција, од Атина, од Солун, но факт е дека НЕТА е со седиште во Љубљана – вели Стефановски, додавајќи дека тој е претсетдател на НЕТА, но како единка, а не како држава.

За актуелениот претседател на НЕТА, во оваа театарска мрежа учествуваат дваесеттина држави, од нив активни се педесеттина театари и фестивали од Европа, кои користат европски грантови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...