fbpx

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро.

Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција ги сметала за иредентистички.

– Ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето за името, ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните бидејќи граѓаните бараат Македонија да биде членка на НАТО и на Европската Унија – изјави Османи.

Прашан како ќе се затвори прашањето за името и дали тоа ќе биде со референдум, вицепремиерот Османи вели дека локалните избори биле референдум.

– На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Граѓаните ни ја дадоа поракатата – вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години – рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...