fbpx

Спомениците ќе имаат натписи со појаснувања, химната останува иста, велат од Владата

-

Државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција, одговори портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прашањето за евентуална промена на имињата на АРМ, МАНУ, МРТ, МНТ.

Тој информираше дека средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи викендов. За информациите за некои нови имиња или преселби на спомениците од проектот „Скопје 2014“, Бошњаковски рече дека спомениците остануваат таму каде што се и ќе претставуваат симбол на пријателството.

-На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомениците такви како што се – вели Бошњаковски.

Тој рече дека основата на договорот е како Грција го толкува и поимува терминот Македонија.

– Се прави јасна дистинкција што е прифатливо за нас и што е прифатливо за нив. Ние сме Македонци. Официјалното ново име ќе биде преведено на сите јазици. Македонскиот јазик е утврден во ОН и тој останува таков, нема да постои фуснота во ОН. Во договорот постои член во кој велиме дека македонскиот јазик е дел од јужнословенските јазици. Останува македонскиот јазик – рече Бошњаковски.

Тој вели дека нема потреба од грижа, бидејќи граѓаните нема да мора да ги менуваат патните исправи веднаш туку по истекот на нивниот рок.

– Самиот договор е етапен договор, и тој треба да се имплементира во наредните 5 год. Трошоци за граѓаните нема да има, бидејќи нема да се менуваат сите патни исправи одеднаш, туку како им истекува рокот, ќе се менува патната исправа. Тоа се редовни трошоци, не се работи за вонредни трошоци. Оние патни исправи кои постојат, важат се до истекот – изјави Бошњаковски.

Портпаролот на Владата појасни дека државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес и дека химната, знамето, грбот и другите симболи не се менуваат и додаде дека договорот ќе биде објавен откако ќе се разгледа и усвои на владина седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...