fbpx

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

-

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски – Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век – Михајло Пупин.

Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од Охрид, додека пригодната мермерна плоча пред камбанаријата ќе ја открие еден од потомците на Пупин.

Михајло Пупин, чие семејно стебло, според тврдењата на професорот Павле Митрески, потекнува од охридскиот крај, во 1914 година, во рамките на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), ја формирал фонадацијата „Олимпија Пупин“ и давал голема помош на сиромашни деца од тогашна Вардарска Македонија, меѓу кои имало и ученици од Охрид. Помогнал во изградбата на училиштето во стариот дел од Охрид каде што денеска е сместена музејската администрација, а ја изградил и камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ позната како „Стар Свети Климент“, за која го донирал тогаш најголемото црковно ѕвоно на Балканот.

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и САНУ заеднички го афирмираат делото на Михајло Пупин, светскиот великан од областа на физиката и на електрониката, за што во Вевчани, каде му е подигната Спомен-соба во 2008 година, одржаа заедничка тркалезна маса.

Самиот Пупин бил член на повеќе академии на науки и уметности во светот, бил претседател на Американската академија на науките во Њујорк и член на Српската академија на науките и уметностите. За своите научни откритија посмртно ја добил и Пулицеровата награда во 1924 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...