fbpx

Спелеолози пронашле черепи додека истражувале во пештера во село Корито

-

На 18 август, претседателот на спелеолошкиот клуб „Кораби“ Ј.О. се јавил во полициската станица во Гостивар и пријавил дека на 17 август на место викано Чавкарник, во сeло Корито, додека истражувале пештера, на околу 20 метри длабочина забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител кој наредил да се изврши увид.

„Увидот бил извршен на 19 август од страна на Јавен обвинител во содејство со полициски службеници, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и од Секторот за антитероризам при УБК Гостивар. Притоа, од дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка. Пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење“, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...