fbpx

Спасовски: Вељаноски на најгруб начин ја узурпира позицијата претседавач

-

„Парламентарното мнозинство побара да се стави на гласање преминувањето на наредната точка на дневен ред за да се одблокира Собранието и да се избере претседател“, рече пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, на прес-конференција во Собранието.

– Наместо тоа, Трајко Вељаноски на најгруб начин покажа како се узурпира позицијата претседавач и како се крши деловникот. Премногу време помина во непродуктивна дебата. Лошо е тоа што многу решенија што треба да бидат дебатирани, а се однесуваат на граѓаните, не можат да бидат донесени поради оваа блокада. Сметам дека треба да преовладува здравиот разум и да се однесуваат одговорно. Ќе продолжиме да бараме собраниски спикер врз основа на деловникот – рече Спасовски.

Според него, дестабилизација на Македонија во изминатите 10 години прави ВМРО-ДПМНЕ и затоа е неблагодарно тие да кажуваат дека некој прави дестабилизација.

– Ако зборуваме за сценарија, подобар сценарист од Трајко Велјаноски нема и тоа е докажано со пресудата од Стразбур за кршење на човекови права врз вас, новинарите. На Македонија не ѝ е потребно да им биде заложник на еден-двајца или, ако сакате, на една политичка партија – вели Спасовски.

Спасовски додаде дека инсистира како пратеник неговиот предлог да биде ставен на гласање затоа што, како што кажа, тоа е пропишано со деловникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...