fbpx

Спасовски: Трулото судство овозможи да избегаат Грујовски и Бошковски

-

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судииите.

– За ова треба да се поднесе одговорност бидејќи беше оставено време овие луѓе да заминат, без разлика дали некаде се кријат во државата или надвор од неа. Ова треба да биде силна порака и многу голема поука за реформите што претстојат во правосудниот систем на Република Македонија – рече Спасовски.

Тој истакна дека веќе е време да се побара одговорност од лицата што овозможуваат криминалците да се шетаат на слобода и да се одредуваат мерки што не можат да бидат ефектуирани во одреден временски период.

На прашање дали имаат некои нови сознанија за избеганите, министерот за внатрешни работи рече дека соопштиле сè што имале и дека кога ќе имаат нови информации, веднаш ќе ги достават до јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...