fbpx

Спасовски: Со писмото Иванов си бара оправдување пред себе и пред јавноста

-

Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот, а Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој уште еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го даде мандатот на СДСМ за формирање влада.

– Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања. Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија – рече Спасовски.

Прашан како СДСМ го коментира денешното писмо на Иванов до Европскиот совет, САД, НАТО и до Турција, Спасовски рече дека нема како поинаку да се коментира, „освен како едно оправдување кое си го бара претседателот пред себе и пред македонската јавност“.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече и дека СДСМ прави сè да не дозволи да ескалира состојбата, поради тоа што ескалацијата најмногу ќе ѝ одговара на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиното раководство и дека „доделувањето на мандатот за формирање на владата ќе значи прв чекор кон решавање на кризата и кон намалување на тензиите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) бил исклучиво свртен кон Русија

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак,...