fbpx

Спасовски со италијанскиот колега Минити договарал проширување на соработката

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Трст, Италија, се сретнал со министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, при што се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете министерства.

Како што соопшти македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), двајцата министри констатирале дека соработката меѓу двете министерства е одлична, а особено значајна во областа на борбата против трговијата со дрога, при што претставници од македонското МВР присуствуваат на обуки за борба против трговијата со дрога, главно во Централната дирекција за борба против дрога во Рим, Италија.

„Двајцата соговорници искажаа подготвеност и за продлабочување на соработката, особено во областа на организираниот криминал и на финансиските истраги.  Министерот Минити ја нагласи безрезервната поддршка од Република Италија за реформите во Република Македонија“, се вели во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски вчера и денеска во Трст учествува на завршната министерска конференција за проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичното право“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...