fbpx

Спасовски: Сите истраги против граѓанските организации официјално се затворени

-

Сите истраги против граѓанските организации и фондации што почнаа во 2016 година, а се одвиваа и во голем дел од 2017 година се официјално затворени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната средба со претставници на дваесетината организации.

На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, тој ги увери учесниците дека не се потврдени сомнежите, односно „не се обезбедени докази за субјектите кои се предмет на криминалистичката обработка“.

МВР по завршување на проверките по барањата од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, доставило известувања до обвинителството дека „сомнежите се неосновани, а врз основа на прибавените информации е констатирано дека нема основи за понатамошна истрага“.

„Врз основа на тоа, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворање на истрагата“, известија подоцна од МВР.

На средбата било истакнато и дека во тек е истрага против тие што го иницирале политичкиот прогон преку злоупотреба на институциите на системот, но детали не се соопштуваат.

Големите контроли во организации што беа критички кон власта во 2016 и 2017 година од граѓанската јавност беа оквалификувани како огромен притисок и заплашување од тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ врз критичарите на власта.

Со месеци во истрагите беа вклучени и МВР и УЈП, но беа пронајдени никакви докази за сомнително работење или направени прекршоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...