fbpx

Спасовски: Сè уште разговараме за употребата на јазиците

-

Очекуваме дека наскоро ќе ги добиеме потписите од партнерите за мандатот за состав на влада, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, по денешната средба на работниот тим на партијата со претставници на Алијансата на Албанците.

На средбата, како што изјави Спасовски, било разговарано за „иднината на Македонија, за принципите на владеење на идната влада, за остварувањето на националните интереси на Македонија, пред сè членството во НАТО и во Европската Унија и подобрувањето на животот на граѓаните на Република Македонија“.

– Рзговаравме и околу декриминализацијата и принципот на едно општество, генерално, за принципите што ги застапуваме и за кои се залагаме и секако разговаравме и околу принципите за формирање на парламентарното мнозинство во Собранието, што ќе придонесе за промена на власта – изјави генералниот секретар на СДСМ.

Прашан за законот за употреба на јазициите што го бараат албанските партии, Спасовски рече дека за тоа сè уште се разговара и дека кога ќе имаат конечни ставови во однос на предлозите, ќе информираат дополнително.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...