fbpx

Спасовски: Полицијата во неделата постапи правилно

-

Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров, одговарајќи на прашање зошто полицијата употребила хемиски средства против насилните демонстранти пред Собранието.

– Таа постапка на полицијата е како по книга. Тука полицајците имаат целосна поддршка и апелирам до граѓаните кои сакаат да го изразат својот револт, да протестираат мирно. Не смееме да дозволиме да има напад на полицијата, ниту пак напад врз некоја од институциите, за да не ни се повтори 27 април – рече Спасовски.

Тој информираше дека целиот материјал за приведените е предаден на Обвинителството.

Министерот Спасовски нагласи дека во моментов нема загрозување на безбедноста на државава, но рече дека секојдневно тој, премиерот и другите министри примаат закани. Според него, добро е што најчесто доаѓаат од луѓе што седат само на „Фејсбук“ и пишуваат.

– Сепак, заканите се процесуирани до ЈО, а некои и се детектирани. Тие што се детектирани ќе се постапува соодветно врз основа на законските прописи – појасни Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...