fbpx

Спасовски: Новата влада ќе спроведе темелни реформи во полицијата и во УБК

-

Новата влада предводена од СДСМ е одлучна да спроведе темелни реформи во полицијата и во безбедносните служби, изјави денеска пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада за спроведување на изборите на 11 декември 2016 година.

Инаку, Спасовски одржа прес-конференција еден час по свеченоста во МВР за одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Спасовски изјави дека за време на насилството во Собранието и обидите за дестабилизација, можело да се види дека во полицијата и во безбедносните служби има професионалци, кои одговориле совесно и достоинствено и кои, според пратеникот на СДСМ, треба да бидат темелот за спроведување на потребните реформи.

– Заедно со професионалците, ќе ги направиме потребните реформи преку кои ќе овозможиме полиција што ќе ги штити исклучиво граѓаните, а не нечии лични, партиски или какви било други интереси. Никогаш повеќе никој нема да смее да ја злоупотребува полицијата од партиски штабови ниту, пак, во неа ќе има место за криминалци! Ќе обезбедиме полиција која неселективно ќе се бори со криминалот и со корупцијата преку непристрасно спроведување на законите за сите – рече Спасовски.

Тој нагласи дека една од клучните реформски активности ќе биде во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), врз основа на препораките на Прибе и на европските искуства, а новата влада, додаде Спасовски, целосно ќе ја поддржи контролата на Собранието врз УБК.

Спасовоски најави и зајакнување на довербата и на соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а еден од механизмите, како што рече, ќе биде преку воведување на полицаецот – позорникар на улиците во населените места.

– Само преку деполитизација и декриминализација на полицијата можеме да изградиме професионален и ефикасен безбедносен систем што ќе ги гарантира безбедноста, стабилноста и правната држава, каква што сме одлучни да ја изградиме Република Македонија – нагласи Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...