fbpx

Спасовски нема да ги потпише законите ако не гарантираат заштита од прислушување

-

Прво да заврши увидот и стручната јавност и граѓаните да го дадат своето мислење, а потоа законот за новата агенција за прислушување (Оперативно-техничка агенција – ОТА) и новиот закон за следење на комуниакциите ќе одат на усовјување во Владата и во Собранието.

Ова на денешната прес-конференција го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање кога очекува овие закони да бидат усвоени во Собранието.

– Законите за ОТА и за следење на комуникациите се наоѓаат на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Македонија (ЕНЕР) за увид од страна на јавноста. Тие треба да бидат на ЕНЕР 20 дена за да ги чуеме мислењата на стручната, научната јавност и на граѓаните. Кога ќе бидат подготвени конечните текстови, врз основа на мислењата на стручната, научната јавност и на граѓаните, ќе ги разгледаме на седница на Владата, а потоа ќе ги доставиме до Собранието – рече Спасовски.

Тој нагласи дека нема да ги потпише текстовите на законите доколку во нив не се гарантира заштитата од можни злоупотреби на системот.

– Јас го кажав мојот став уште во 2015 година и стојам на тој став. Сè додека не поминат сите дебати околу овие законски решенија, сè додека во јавноста не се прифати дека ова е вистинското решение што ќе обезбеди заштита од злоупотреба на системот за прислушување, нема да потпишам таков закон – изјави Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....