fbpx

Спасовски: Не се расчистени 15 случаи на напади врз новинари

-

Петнаесет случаи за напади врз новинари сѐ уште не расчистени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција во владата.

– Во последните неколку години имавме бројни напади на новинари. МВР направи анализа за да се утврди на кое ниво се истрагите досега. Се утврди дека во одредени постапки пропуштени се дејствија кои требало да бидат направени во краток рок, во некои постапки недостасуваат докази. Од 2013 до јуни 2017 до МВР се поднесени 47 пријави кои се однесуваат на физички напад на новинари или говор на омраза. Во Скопје се 29, во Охрид 14, две во Струмица, и во Штип и во Битола по еден – рече Спасовски.

Во периодот од 2017 до денес, до МВР се поднесени 12 пријави за напади врз новинари, од кои пет се во Охрид, четири се во Скопје, два во Велес и еден во Штип.

– Постапувано е во сите случаи и за две лица веќе се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела насилство и загрозување на сигурноста, во три случаи се покренати прекршочни постапки против шест лица за констатирани три прекршоци – рече Спасовски.

Тој истакна дека сега заживува функционирањето на внатрешната контрола на МВР, која претходно прогледувала низ прсти.

– Апелирам до сите што доживеале објективен напад, како омаловажување или навреда да го пријават во полиција на 192 каде сѐ се снима и има траг. Не се пријавува на „Фејсбук“ – рече Спасовски.

Министерот за транспарентност, отчетност и комуникација, Роберт Поповски потенцираше дека ќе има нула толеранција за загрозување на слободата на изразување.

– Нула толеранција за каков било обид за загрозување на слободата на изразување. Секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро санкциониран – порача Поповски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...