fbpx

Спасовски: Ќе има пријави за протестите во Бутел, честитки за присебноста на полицајците

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека ќе има постапки за одредени случаи и ќе бидат поднесени соодветни пријави поради синоќешните протести во Бутел.

– Прво сакам да оддадам признание на полицајците што беа на настаните, затоа што најпрофесионално ја извршуваа својата задача и што немавме нарушување на јавниот ред и мир. Најважно од сè е дека граѓаните беа на висина на задачата. Тоа е од исклучителна важност и навистина треба да се честита за присебноста и за смиреноста, заради тоа што ова време во Македонија е време во кое треба да се носат рационални и разумни одлуки, а не одлуки на ниво на емоции – одговори Спасовски на прашањето, дали полицијата поднесе пријави за вчерашните и завчерашните протести.

Запрашан, исто така, зошто полицијата дозволила групата на Беќир Асани да уништува државен имот, Спасовски истакна дека полицијата постапувала во согласност со правилата.

– Сметавме дека најважно од сè е да го зачуваме мирот и стабилноста и, пред сè, да не овозможиме да имаме ескалација на судирите. Најлесно е да го запалите огнот, меѓутоа најважно од сè е да не дозволиме да имаме ескалација на состојбите – изјави Спасовски.

За денешните протести пред МВР, тој изјави дека никој не најавил, но и дека секој има право да протестира.

– Јас мислам дека по една ваква мирна разврска, по висината и одговорност на која што беа и политичките субјекти и сите коишто учевствуваа во овој  процес, нема место да се протестира пред Министерството за внатрешни работи. На таков начин се понижуваат полициските службеници коишто најпрофесионално си ја извршија својата задача во овие тешки моменти за Македонија и за општина Бутел – додаде Спасовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...