fbpx

Спасовски и Ременски ја чекаат ДИК за да се збогуваат со министерските функции

-

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика, министерствата за земјоделство, шумарство и водостпанство и за администрација и информатичко општество. Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом ДИК ќе излезе со официјалните резултати, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски повеќе нема да бидат министри.

Заради организирање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата, со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон (Став 1 од членот 1 од измените на Законот за Влада, донесен на 28 јули годинава, врз основа на Договорот од Пржино и на Договорот од 20 јули.)

Функцијата министри до формирањето на новата влада, според овие измени, по заминувањето на Спасовски и на Ременски, треба да го преземат актуелните заменици-министри во МВР и во министерството за труд и социјална политика, Агим Нухиу, односно Ибрахим Ибрахими.

По престанувањето на функцијата на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјална политика, согласно член 44, став 1 на овој закон, заменикот на министерот во Министерството за внатрешни работи и заменикот на министерот во Министерството за труд и социјална политика ја преземаат надлежноста, односно ја вршат функцијата министер за внатрешни работи, односно министер за труд и социјална политика наредниот ден по денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година (став 1 од членот 3 на Законот за влада).

Откако ДИК официјално ќе ги објави конечните резултати, им завршува мандадот и на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов (МВР), Диме Спасов (труд и социјална политика), Љупчо Николовски (министерство за земјоделство) и Александар Кирацовски (министерство за администрација и информатичко општество).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...