fbpx

Спасовски и Македонскиот полициски синдикат договориле работни групи за платите

-

На денешната работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Ацо Антовски, било договорено заедничко решавање на проблемот со платите, соопшти МВР.

Спасовски и Антовски се договориле заради ветеното усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето, во најбрз рок да се направи анализа на состојбите во министерството. Потоа би се договарале начинот и условите за продолжување на процесот на усогласување.

Исто така, договорено било да се формираат заеднички работни групи за изготвување на нова листа на плати за вработените во МВР, како и изнаоѓање на начин за исплата на сите парични побарувања на вработените по било којa основa, за да се избегнат евентуални судски спорови и трошоци.

На средбата со делегацијата на Македонскиот полициски синдикат, министерот Спасовски рекол дека се преземаат активности за набавка на униформи и чизми што, како што велат од Mинистерството, не се случило речиси една деценија. Тој порачал и дека за секое барање или предлог на Синдикатот, раководството на Министерството е подготвено за разговор и изнаоѓање на решенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...