fbpx

Спасовски: Фер и демократски избори се единствен излез од кризата

-

Голем е интересот да има фер и демократски избори што ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци што ги има и граѓаните ќе можат да носат одлука самостојно, во согласност со сопственото убедување, рече министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, при денешната посета на Берово.

Според Спасовски, единственото решение за излез од политичката криза е одржување на фер и демократски изборен процес.

– Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие зад народот. ВМРО-ДПМНЕ мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја реши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина – изјави Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...