fbpx

Спасовски: Другите 12 осомничени за 27 април најверојатно се во државата

-

Дванаесетмина од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, кои сè уште не се приведени, најверојатно се во земјава и полицијата трага по нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, за контрола на лесното оружје и муниција.

– Издадени се наредби за приведување на 36 лица, а по 12 лица сè уште се трага. Тие најверојатно се во Република Македонија – рече Спасовски.

Прашан дали постојат шанси тие да избегаат и дали некој од нив има фалсификуван пасош, Спасовски рече дека МВР работи на тоа овие лица да не избегаат и да бидат изведени пред суд.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде распишана потерница по нив, министерот рече дека тоа е обврска на обвинителството и на судот.

Околу можноста да се зголеми бројот на осомничени за насилствата од 27 април, министерот за внатрешни работи рече дека за тоа одлучува обвинителството.

На прашањето дали некој од дванаесеттемина осомничени, по кои полицијата трага, има двојно државјанство, Спасовски рече дека имаат сознанија, но дека тие во моментот не се за споделување со јавноста.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција завчера соопшти дека отворило истрага против 36 лица за насилствата во Собранието од 27 април годинава, кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста на државата. МВР, по налог на обвинителството, приведе 24 лица, меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски. Судот на дел од приведените им одреди 30-дневен притвор, а на дел куќен притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...