!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Спасовски денеска и утре во Будимпешта на конференција за нелегална миграција


       
Будимпешта, 19 јуни, 2017 - 20:03 (META) 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска и утре учествува на конференцијата на министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж западнобалканската рута. Утре тој ќе има свое обраќање на конференцијата.

„На маргините од конференцијата, министерот Спасовски оствари средба со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, на која беше разговарано за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и за ризиците од евентуални нови бранови мигранти. Спасовски и Шпенга разговараа и за реформата на безбедносните служби и на полицијата во Република Македонија, која ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР. Шпенга истакна дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО“, информираат од кабинетот на министерот.