fbpx

Спасовски: Брзата размена на информации е клучна за откривање на шверцот со мигранти

-

За нашите служби да бидат ефикасни во откривањето на организираните криминални групи за криумчарење мигранти, најважна е брзата и непречена размена на информации, рече министерот Оливер Спасовски, во своето обраќање на Министерскиот форум на ЕУ и на Западен Балкан за правда и за внатрешни работи што се одржува во Софија.

– Нашата соработка е правно е регулирана. Тоа што треба вистински да направиме е нашиот ентузијазам да го насочиме кон вистинска полициска соработка на дневна основа, не само на регионално ниво, туку и со земјите кои се крајна дестинација на мигрантите. Патот на движењето на мигрантите од моментите кога тие влегуваат во нашите земји, па сè до нивното конечно пристигнување во посакуваните западноевропски земји може да даде многу одговори, што, пак, ја даваат целосната слика за криминалната мрежа – рече Спасовски.

Тој нагласи дека криминалците постојано го менуваат начинот на дејствување и дека новите форми на шверц не вклучуваат единствено криумчарење мигранти, туку и оружје и дрога.

Спасовски смета дека е потребно преструктуирање за разоткривањето на организираните криминални групи да биде поуспешно.

На Министерскиот форум на ЕУ и на Западен Балкан, кој почна вчера во Софија, учествуваат министрите за правда и за внатрешни работи на Естонија, Бугарија и на Австрија, еврокомесарот за правда, потрошувачи и за родова еднаквост Вјера Јоурова, еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и за државјанството Димитрис Аврамополус и нивните колеги од Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...