fbpx

Спасовски – Бејли: Приоритет на МВР ќе биде реформата на безбедносните служби

-

Приоритет на Министерството за внатрешни работи и на Владата ќе биде реформата на безбедносните служби, било истакнато на денешната средба меѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Бејли на Спасовски му го честитал изборот за министер за внатрешни работи, изразувајќи уверување дека во текот на неговиот мандат ќе бидат „постигнати значајни резултати, кои ќе претставуваат успех за министерството, но и за граѓаните на Македонија“.

„Амбасадорот Бејли и министерот Спасовски се согласија дека приоритет на Министерството, но и на Владата на Република Македонија ќе биде реформата на безбедносните служби, преку која ќе се овозможи воспоставување на професионална служба, која нема да биде под негативни политички влијанија. Исто така, тие истакнаа дека е особено значајно Министерството за внатрешни работи да ги почитува професионалните стандарди и системот на кариера за вработените“, стои во соопштението на МВР за средбата.

Тие истакнале дека од особена важност е соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, како и против корупцијата и криминалот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...