fbpx

Спасов дал исказ во полиција за сообраќајните незгоди и ги избегнал новинарските прашања

-

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, ги избегна новинарските прашања по дадениот исказ во полициската станица во Карпош, јавува „Нова ТВ“.

Спасов со возило со затемнети стакла пристигнал во станицата околу 20 часот за полициска забелешка по синоќешните случувања откако, според записникот, удрил со службен џип во два автомобила, по што побегнал.

Дел од медиумите напишаа дека Спасов поднел кривична пријава против насилници кои вчера го бркале, што било причина за сообраќајните незгоди што тој ги предизвикал со возило кое е во сопственост на Агенцијата за вработување.

„Вчеравечер дошло до бркотница со автомобили низ Скопје, при што група осудувани насилници со возило „пасат“ тргнале во потера по автомобилот „туарег“ со кој се превезувал дополнителниот заменик-министер. Во таа бркотница настрадало и возило „рено“. Двете сообраќајки кои се случиле биле со мала материјална штета. Возилото во кое бил Спасов било следено од возило „пасат“ управувано од лицето Даут.Д., кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот. Даут е и осуден насилник и тоа токму поради тепачка во која користел и оружје. Тие го пресретнале возилото во кое се превезувал Спасов и сакале насилно да го застанат“, се вели во објавата на „Курир“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...