fbpx

Советот на Општина Свети Николе ќе одлучува за распишување на референдум за депонијата

-

Да се стопира изградбата на регионалната депонија на територијата на Општината Свети Николе, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. До Советот на Општината Свети Николе, советничката група на ВМРO-ДПМНЕ достави иницијатива за распишување на референдум, кој би се одржал заедно со претседателските избори на 1 април. Преку овој референдум, граѓаните на Општина Свети Николе треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на регионалната депонија кај селото Мечкуевци, каде според проектот, би се носел сметот од 18 општини од Свероисточниот и Источниот регион.

Седницата на Советот на Општината Свети Николе беше закажана минатата недела, меѓутоа, поради отсуство на градоначалникот Сашо Велковски, советниците одлучија да ја презакажат за денеска попладне, во 14 часот.

Од ВМРО- ДПМНЕ не очекуваат позитивна одлука за иницијативата за референдум.

„СДСМ го има мнозинството во Советот, а од однесување се гледа дека тие не се за распишување референдум, иако 80 проценти од граѓаните на Свети Николе се против изградбата на регионалната депонија“, ијзави Дејан Владев, координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе.

Од Општината кратко соопштија дека одлуката за распишување на референдум е кај Советот, кој денеска ќе го каже својот конечен збор.

На јавната расправа за регионалната депонија, дел од претставниците на месните заедници и граѓанскиот сектор се изјаснија против нејзината изградба, со образложение дека Овчеполскиот регион живее од земјоделие  и органско производство. Од Министерството за животна среднина, коe го спроведува проектот, уверуваа дека ќе биде тоа современа фабрика за преработка на отпад по сите стандарди, за што граѓаните не треба да стравуваат, а и ќе се реши проблемот со ѓубриштата што се всушност денешните општински депонии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...