fbpx

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Арифи да одговори каков договор потпишала во Тирана

-

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната седница на советот на Општина Тетово. Советниците беа револтирани зашто не присустуваше градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, од која побарале на денешната седница да им одговори од чиј интерес бил договорот што го потпишала во Тирана, со повеќето градоначалници од Балканот, со кои раководат Албанци.

– Како може градоначалничката Арифи да не одвои половина час за да присуствува на седницата, да ни одговори за каков договор станува збор и во чиј интерес е потпишан тој договор. Затоа, ние советниците на ВМРО-ДПМНЕ сме револтирани и одлучивме да ја напуштиме седницата – изјави Горан Јовановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на советот на Општина Тетово, Исен Џемаили, изјави дека градоначалничката Арифи на наредната седница ќе објасни каков договорот потпишала во Тирана.

На напуштањето на седницата од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше советникот од ВМРО-НП, Драган Давидовски.

– Сега знаеме дека следуваат избори и затоа има напуштања на седници и слични работи, но ако не се согласуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ со работата на градоначалничката Арифи, тогаш нека ја напуштат коалицијата со ДУИ, партија на која ѝ припаѓа Арифи – изјави Драган Давидовски, советник од редовите на ВМРО-НП.

Незадоволни од одлуките и од работата на градоначалничката Арифи, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ годинава повеќепати ги напушти седниците на Советот на Општина Тетово.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...