fbpx

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

-

Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство.

Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот весник „Вест“  и дека обидите за манипулација и извртување на вистината се очигледни, а вчерашниот настан и обраќањето на обвинителката се врамуваат на погрешен начин и во погрешен контекст.

Главен и одговорен уредник на весникот од неодамна е Горан Петрески, кој во весникот премина од уредничката позиција на информативната редакција на јавниот радиодифузен сервис.

„Таквото известување може да предизвика омраза на етничка основа и дискриминаторни ставови и однесување кон  населението, а медиумот да го претстави како носител на таквите предрасуди и создавањето погрешни уверувања кај јавноста. Ова е во спротивност и со членот 8 од Кодексот на новинарите во кој, меѓу другото, се вели дека ’начинот на информирање во судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми’, потоа со членот 10 од Кодексот според кој ’новинарот нема да поттикнува на дискриминација врз која било основа, вклучувајќи ја и националната’. Потсетуваме дека Вест е потписник на Повелбата за етичко известување во која, меѓу другото, е наведен и принципот на почит и толерантност, што подразбира почит на достоинството, угледот, правата и личниот интегритет на поединците во информирањето на јавноста. Медиумот во своето известување нема да се служи со стереотипи, предрасуди и потценување по која било основа и нема да се служи со говор на омраза“, пишува во реакцијата на Советот за етика.

Во реакцијата Советот потсетува дека медиумите се должни да информираат точно и вистинито, да се придржуваат на стандардите на пристојност во известувањето и јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови.

„Комисијата за жалби при СЕММ работи и на другите случаи на некоректно известување и кршење на Повелбата во врска со истиот настан“, се вели во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...