fbpx

Социјалната помош годинава ќе се зголеми за 10 проценти

-

Зголемувањето на социјалната помош за десет, наместо планираните пет проценти за годинава е показател за определбата на Владата за постојана помош и поддршка на најранливата категорија граѓани, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

– Изминатите години, односно од 2006 до 2014 година, социјалната парична помош е зголемена за цели 47 проценти, меѓутоа, сепак, не застануваме тука. И покрај тоа што во програмата на Владата е определено дека и социјалната и постојаната парична помош оваа година треба да се зголемат за пет проценти, одлучивме тие да се зголемат за 10 проценти и да се почне со исплата во јули годинава – рече министерот за труд и социјална политика, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Тоа, како што истакна Спасов, е дополнително значително зголемување зашто за околу 12 месеци, околу 30.000 приматели на социјална парична помош и околу 5.300 приматели на постојана парична помош, ќе добијат значително поголем износ на средства, односно за 12 месеци околу 145 милиони денари ќе бидат одвоени дополнително за зголемување на ова право.

Спасов најави дека и Владата и Министерството со кое тој раководи и понатаму ќе продолжат со реализација на низа проекти кои ќе значат поголема финансиска поддршка на најранливата категорија граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...