fbpx

Сопствениците на кајчиња во Охрид почнаа штрајк

-

Езерските води денеска ги брануваат само бродовите и слични поголеми пловила, откако охридските кајчари официјално се во штрајк

Само двајца-тројца најхрабри можеа да се забележат како ризикуваат и превезуваат туристи до Канео и до други дестинации.

Езерото изгледа празно покрај шеталиштето на градскиот кеј, откако пазарната инспекција од кајчарите побара да регистрираат фирма и да издаваат фискална сметка, а не како досега превозот со такси-кајчињата да го вршат како физички лица, со годишен паушал кој им го одредуваше истата инспекција.

Кајчарите со години се жалат дека во УЈП ги плаќале давачките во висина од 10 проценти од просечната плата во државата. Никој не ги информирал за измени во законот. Дури се жалат на некоординација во самата управа. Оттаму биле повикувани да се појават со лична карта и да го потпишат документот за паушал за годинава, а истовремено инспекторите на самото место им наплатувале казни. Особено се незадоволни што сето ова им се случува во туристичка сезона. Работат само 30 дена во сезона, а според новите прописи, би требало за фирма и за давачки да издвојат 1.500 евра.

Во Пазарниот инспекторат се решени да ја спроведат обврската и превозот со такси-кајчиња да се врши преку регистрирана фирма, во согласност со новиот закон за спречување и вршење нерегистрирана дејност кој стапи на сила во април годинава. Велат дека излегле на терен откако добиле претставка од граѓанин кој се пожалил дека во Охрид кајчарите немаат регистрирано фирма.
Кајчарите, пак, се сомневаат дека претставката ја испратил некој од сопствениците на поголемите пловила.

Во Инспекторатот велат дека тие се дури и благонаклони кон кајчарите. Со новиот закон казната за вршење дејност со нерегистрирана фирма била дури 3.500 евра.

Сепак, тие, од милост, во одредувањето на казните издадени досега, постапувале во согласност со законот за трговски друштва кој бил полиберален, а казната била само 500 евра, или 250 ако се плати на самото место или во рок од осум дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...