fbpx

Сообраќајот се одвива отежнато со забрана за товарни возила на Плетвар и на патот Маврово – Дебар

-

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег по интервенција на екипите на „Македонија пат“.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп – Витолиште.

Сообраќајот отежнато се одвива на патниот правец Куманово – Крива Паланка поради наноси од снег.

Патниот правец Свети Николе – Куманово, кој беше во прекин поради снежни наноси, од 4.50 часот е прооден за сите видови возила.

АМСМ препорачува задолжително да се носи зимска опрема во возилата, внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...