Сообраќајот се одвива отежнато, одрон на патниот правец Катланово – Велес


       
Скопје, 23 март, 2018 - 9:36 (META) 

На патниот правец Катланово – Велес кај манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од пет метри, инфомираат од Авто-мото сојузот.

Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.