fbpx

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато по влажни коловози

-

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег, по интервенција на екипите на  ЈП „Македонија пат“.

Утринава, околу 7 часот, на патниот правец село Крупиште – Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај, а забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес – Катланово.

На патните правци Штип – Велес и Свети Николе – Куманово е нормализиран за сообраќајот, но останува на сила забраната за тешки товарни возила.

Поради силен ветар и наноси од снег, „Македонија пат“ препорачува ако нема исклучителна потреба, да не се користат делницата Велес – Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште, зашто ветерот го носи снегот  на коловозот и целосно ја намалува видливоста.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

На патниот правец Штип – Кочани, сообраќајот за сите возила се одвива наизменично по една коловозна лента.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста  појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.