fbpx

Сообраќајна несреќа во Куманово, двајца повредени

-

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случи утрово во 5.45 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на населбата Карпош.

Во сообраќајната несреќа учествувале две возила со кумановски регистарски таблички.

Според СВР Куманово, до несреќата дошло откако автомобилот „опел астра“, управуван од кумановецот Д.Т. (1989), кој се движел од Куманово кон населбата Карпош, изгубил контрола над возилото, преминал на левата коловозна лента и директно се судрил со товарно моторно возило, комби, управувано од 38-годишниот В.П. од Куманово, кој се движел во спротивна насока.

Во сообраќајната несреќа интервенирала екипа која помогнала при извлекување на повредениот од автомобилот. Д.Т. добил тешки телесни повреди и поради карактерот на повредите е префрлен на скопските клиники, а В.П. има телесни повреди и е задржан на лекување во кумановската болница на одделението за хирургијa.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...