fbpx

„Сонети“ од Шекспир вечерва на „Охридско лето“

-

Во рамките на „Младото театарско лето“ на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, Народниот театар од Битола ќе ја одигра театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Ангелчо Илиевски и на Јован Ристовски.

– Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за неговите „Сонети“, тоа е нешто многу повеќе. Тоа е исто како да истражуваш космос, да создаваш космос – вели режисерот Илиевски.

Улогите ги толкуваат: Петар Мирчевски, Филип Мирчевски, Габриела Петрушевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Огнен Дранговски и Иван Јерчиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...