Сончево време со умерена облачност и можност за дожд


       
Скопје, 25 април, 2018 - 9:16 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура се движеше од 3 до 9 Целзиусови степени, а температурата во текот на денот на различни места ќе се движи меѓу 23 и 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 29 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.