fbpx

Сончево време со умерен североисточен ветер

-

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Утрото ќе биде студено и ведро.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 Целзиусов степени.

До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...