fbpx

Сончево време со температури до 10 степени

-

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, по многу студеното утро, со услови за слаба магла по одделни котлини.

Температурата ќе се движи од 2 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, а утрото беше студено со услови за слаба магла. Температурата ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Најстудено ќе биде утре наутро.

Од утре до сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...