fbpx

Сончево време со јужен ветер и температура до 17 степени

-

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура се движеше од -4 до 0 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 9 и 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура се спушти до -3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. В петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег.

За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...