fbpx

Сончево со умерена облачност и температура до 26 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со зголемена облачност и на повеќе места со краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 16 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Температура ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

Позначителна промена на времето ќе настапи од недела попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...