fbpx

Сончево со умерена облачност и слаб снег

-

Времето денеска ќе биде сончево со умерна облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до еден степен.

Од утре попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините. Во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...